Меѓународниот ден на трудот - 1 Мај - се празнува во спомен на големите работнички демонстрации ,
одржани во Чикаго (САД) во 1886 година. Демонстрациите беа во знак на протест против неисполнувањето на барањата на
работниците за подобрување на условите за работа,а таа борба и стремеж сеуште трае.
Секако 1 мај има многу поголемо значење за работничкото движење од спомените и оддавањето на почест на овие храбри луѓе.
1 Мај претставува и светски ден на работничката солидарност - бидејки нападот на еден е напад на сите, ден кој треба да се запамети,
ден на кој треба да се потсетиме на борбата на работниците во минатото и продолжување на истата таа борба денес за:
- достоинствени и редовни плати
- повеќе квалитетни работни места
- слобода на организирање
- сигурност на работните места
И затоа БАРАМЕ:
- договори на неодредено време
- враќање на трајното право на надомест за невработеност - 5 години пред пензија
- нов закон за административните службеници
- ист закон за пензионирање за сите работници со бенефициран стаж
- потпишување на општ колективен договор за јавниот сектор

Ова се само некои од најгорливите прашања.
Секако дека СУТКОЗ на РМ, како претставник на работниците од угостителството, туризмот, комунално-станбеното стопанство ,
занаетчиството и заштитните друштва, ќе се бори против секоја неправда кон работниците и нивните права бидејки нападот на еден е напад на сите...
ЧЕСТИТ 1 МАЈ !!!
Мај 03, 2016