На ден 29.06.2023 година, се одржа 12 редовен Конгрес на СУТКОЗ на РСМ, на којшто по прераната смрт на Претседателот Дарко Димовски, беше избран нов претседател. По пристигнатите предлози од сите синдикални организации-подружници на СУТКОЗ, за едниствен кандидат беше утврден Стојанче Кашиковски, актуелен претседател на СО на СУТКОЗ при ЈП Водовод и канализација Скопје , член на Претседателството на СУТКОЗ и член на Советот на ССМ од СУТКОЗ.

Слики од 12 Конгрес Слики од 12 Конгрес

На Конгресот од сите присутни делегати, едногласно беше избран Стојанче Кашиковски за Претседател на СУТКОЗ. Од страна на Конгресот беше усвоена програмата за дејствување на Синдикатот на работниците од угостителството, туризмот, комунално - станбеното стопанство, занаетчиството и заштитните друштва на Р.С.Македонија - СУТКОЗ, во периодот 2023-2028 година , како и органи и тела на СУТКОЗ согласно СТАТУТОТ.

Слики од 12 Конгрес Слики од 12 Конгрес