Претседателот на СУТКОЗ Стојанче Кашиковски , членови на Извршниот одбор на
СУТКОЗ и Претседателот на Управниот одбор на АДКОМ Пеце Милевски, Претседателот
на Надзорниот одбор на АДКОМ Игор Голабоски и членови на Управниот одбор на
АДКОМ со присуство и на Претседателот на ССМ Слободан Трендафилот одржаа средба
на која се разговараше за примената на Општиот колективен договор за јавен сектор каде
што припаѓаат и јавните комунални претпријатија, последиците од енергетската и ковид
криза со која сеуште се соочуваат јавните комунални претпријатија, како и одливот на
работна сила од јавните комунални претпријатија.
На средбата беше истакнато дека СУТКОЗ како репрезентативен синдикат на
работниците во кој припаѓаат вработените во јавните комунални претпријатија и АДКОМ
како здружение на работодавачите на јавните комунални претпријатија треба заеднички
да работат на надминување на проблемите со кои се соочуваат јавните комунални
претпријатија и вработените во истите.
Од одржаната средба произлегоа заклучоци дека :
1. Неспорна е примената и почитувањето на Општиот колективен договор за јавен
сектор во јавните комунални претпријатија и покачувањето на платите на вработените од
септември 2023 година
2. Јавните комунални претпријатија се уште се соочуваат со финансиски
последици од енергетската и ковид криза и за надминување на истите се иницира да се
одржи средба и со надлежното регулаторно тело
3. СУТКОЗ И АДКОМ да достават заедничко писмо до градочалниците,
претседателите на советите и ЗЕЛС со кое ќе се побара подршка за подобрување на
финансиската состојба во која се наоѓаат јавните комунални претпријатија кои поради
неконкурентните плати на вработените се соочуваат со перманентет одлив на кадар
4. На локално ниво да се иницираат средби помеѓу синдикалните претставници,
работодавачите на јавните комунални претпријатија и локалната власт со цел
обезбедување на редовна исплата на платите во јавните комунални претпријатија .
СУТКОЗ И АДКОМ ги потврдуваат своите ставови дека како социјални партнери ќе
продолжат со соработката се со цел надминување на проблемите во јавните комунални
претпријатија и на вработените во нив