Image




СУТКОЗ како единствен репрезентативен синдикат на вработените во комуналните претпријатија, а во интерес на зачувување и одржување на традицијата и годинава од 12 до 15 Октомври,традиционално во хотелот Десарет, во Охрид, ја организираше 29-та Комуналијада, која во чест на прерано починатиот претседател на СУТКОЗ и ССМ ќе го носи неговото име и ке се вика Комуналијада Дарко Димовски. Синдикалните организации, членки на СУТКОЗ, заради мноштвото проблеми и предизвици на комуналните претпријатија, кои соочени со недостиг на средства иако сакаа, не беа во можност да им излезат во пресрет , сепак учествуваа на овогодинешната Комуналијада во помал број.
Како учесници на овогодинешните синдикални средби беа претставници од комуналните претпријатија од :

ЈП Водовод и канализација Скопје,
ЈП Комунална хигиена Скопје,
ЈП Паркови изеленило Скопје,
АД Скопски пазар Скопје,
ЈП депонија Дрисла Скопје
ЈП Пазари Битола,
ЈКП Нискоградба Битола,
ЈП Комуналец Битола,
ЈКП Дервен Велес,
ЈП Чистота и зеленило Куманово,
ЈКП Водовод и канализација Прилеп,
КЈП Водовод Кочани,
ЈПКД Комуналец Струмица,
ЈП Паркиралишта Струмица,
ЈП Исар Штип,
ЈП Комуналец Свети Николе,
ЈКП Комуналец Крива Паланка,
ЈП Охридски Комуналец Охрид,
ЈП Водовод Охрид,
ЈПКомунално Струга, како и претставници од сродните синдикати од Србија, Унгарија, Војводина, Босна и Херцеговина,Хрватска, Црна Гора,Словенија.

Имаше и претставници од Сојузот на синдикатите на Македонија, секретарот и вработени, како и претседателите на:

Синдикат за градежништво,индустрија и проектирање на Република Македонија(СГИП),
Синдикат на работниците од текстилната, кожарската и чевларската индустрија на РМ (СТКЧ);
Синдикат на индустрија, енергетика и рударство на Македонија (СИЕР);
Синдикат на работниците од сообраќај и врски на РМ (СРСВМ);
Синдикат на графичка, информативна, филмска, издавачка дејност и производство на хартија на РМ (ГИФИХ);

Синдикалните средби поминаа во одлична релаксирана атмосфера и дружење, сите беа задоволни од дружењето со пријателите, со општа констатација - "Се гледаме догодина во многу поголем број "


Спортски игри - Комуналијада 2023 Спортски игри - Комуналијада 2023 Спортски игри - Комуналијада 2023 Спортски игри - Комуналијада 2023 Спортски игри - Комуналијада 2023 Спортски игри - Комуналијада 2023 Спортски игри - Комуналијада 2023 Спортски игри - Комуналијада 2023 Спортски игри - Комуналијада 2023 Спортски игри - Комуналијада 2023 Спортски игри - Комуналијада 2023 Спортски игри - Комуналијада 2023 Спортски игри - Комуналијада 2023 Спортски игри - Комуналијада 2023 Спортски игри - Комуналијада 2023 Спортски игри - Комуналијада 2023 Спортски игри - Комуналијада 2023 Спортски игри - Комуналијада 2023 Спортски игри - Комуналијада 2023