Пост прв
СУТКОЗ на Република Македонија и Здружението на работодавачите на комуналните дејности на Организацијата на работодавачите на Македонија склучен е Колективен договор за комуналните дејности на Република Македонија
Прочитај...Има обврска Работодавачот да ги извести и работниците при отказ на поголем број на работници од деловни причини.
Работодавачот е должен за својата намера:
За постапката за утврдување на престанување на потребата од работа на поголем број работници по завршување на консултирањето со синдикатот работодавачот е должен задолжително писмено да ја извести службата надлежна за посредување.
Синдикатот и синдикалниот претставник во текот на постапката на советување неопходно е потребно да извршат увид, врз основа на кои критериуми е утврден технолошкиот вишок и дали истите се во целост применети, Советувањето и консултирањето со синдикатот работодавачот не смее да го сфати само како формално информирање на синдикатот туку мора со синдикатот да ги разгледа сите аргументи кои ќе бидат изнесени.
По извршеното советување и консултирање синдикатот има право да изгради став и во писмена форма да го утврди своето мислење по однос на постапката и по однос на примена на критериумите. Синдикатот има право да донесе и негативно мислење по однос на постапката за отказ на Договорот од деловни причини.
Доколку и покрај противењето на синдикатот да се донесе Одлука од деловни причини, секој работник индивидуално против таквата Одлука има право на приговор.
Пред да го откаже договорот за вработување од деловни причини работодавачот може на работникот да му понуди:
Трите претходно изнесени права на работникот НЕ СЕ ОДНЕСУВААТ за вработување во трговско друштво односно трговец поединец во: