Пост прв
СУТКОЗ на Република Македонија и Здружението на работодавачите на комуналните дејности на Организацијата на работодавачите на Македонија склучен е Колективен договор за комуналните дејности на Република Македонија
Прочитај...Законот ги уредува и работните односи на работниците вработени во :
Работниот однос покрај тоа што е уреден со законот и колективниот договор истиот се уредува и со договорот за вработување.
Договорниот однос меѓу работникот и работодавачот претставува РАБОТЕН ОДНОС во кој работникот доброволно се вклучува во организираниот процес на работа кај работодавачот за да добива плата и други примања, лично и непрекинато ја извршува работата според дадени упатства од работодавачот и под негов надзор.
Од вака дадената дефиниција за работниот однос се дава можност работникот, односно синдикатот и синдикалниот претставник да преземаат одредени дејствија за цело време додека трае работниот однос.
Синдикалниот претставник има легитимно право да побара од работодавачот конкретни упатства во случај на нејасно утврдена обврска на работникот. Значи, обврска на работодавачот е конкретизирањето на упатството да го даде во усмена или писмена форма.
Со поднесеното барање за конкретизирање на упатството на еден практичен начин може да се одбегне повреда на работните обврски и можност за кршење на правата од работниот однос.