Претседателот на СУТКОЗ при ССМ Дарко Димовски заедно со Стојанче Кашиковски член на претседателство на СУТКОЗ за комунални дејности учествуваа на состанок на високо ниво со Управниот одбор, Надзорниот одбор и Правната комисија на АДКОМ предводени од Иван Иванов, претседател на АДКОМ.

Во дискусијата беа отворени конкретни предлози од страна на СУТКОЗ за зголемување на платите на работниците во комуналните претпријатија согласно зголемувањето на минималната плата, за потребата од доследно почитување на ЗРО за исплата за работата во недела за најмалку 50 %, за уредување на додатоците на плата и за други важни прашања за работниците и работодавачите од комуналните дејнисти.

Претседателот на СУТКОЗ Димовски пред директорите на комуналните претпријатија презентираше одржлив модел за платите на работниците веднаш да се зголемат, а тоа да не претставува сериозна пречка за нормалното работење на комуналните претпријатија кој како СУТКОЗ очекуваат да биде позитивно прифатен и применет од страна на работодавачите.

СУТКОЗ е единствен репрезентативен претставник на комуналните работници и заедно со АДКОМ (Здружение на даватели на комунални услуги) кое е здружение на граѓани формирано заради вршење на дејности и активности за унапредување на комуналната дејност во Република Македонија ќе изнајдат соодветни решенија во интерес пред се на работниците, а истите да не предизвикаат негативни импликации на нормалното работење на работодавачите во комуналните дејности.