XXII- те спортски игри и средби на синдикатот на СУТКОЗ се доволно добра потврда за тоа.
Дваесет и втората "Комуналијада" се одржа и годинава во Охрид, во хотел Десарет,
од 13-ти до 16-ти Јуни 2015 година. За разлика од минатата година, бројот на учесниците беше зголемен,
а со тоа и конкуренцијата и натпреварувачкиот дух, но и задоволството при секојдневното дружење надвор од спортските терени.
Беа поканети и претставници од сродните синдикати од балканските простори,
но заради работни обврски присуствуваа само претставниците од Србија и Босна и Херцеговина.
Игрите свечено ги отвори претседателот , м-р. Дарко Димовски.Ги поздрави сите учесници и гости и им посака спортско и фер натпреварување.
Екипите кои учествуваа на игрите се натпреваруваа во неколку спортски дисциплини - мал фудбал,
кошарка, шах, стрелаштво, пинг-понг, пикадо, влечење јаже, куглање - како и во неколку работни дисциплини - аранжирање на свежо цвеќе,
миење на јавни површини, монтирање на водомер , обележување на коловоз и изнесување на смет.
По завршувањето на натпреварувањата, на завршната свечена вечера, се доделуваа благодарници,
дипломи и пехари за учесниците, како спомен на уште едно заедничко дружење.
Комуналијада 2015 Хотел Десарет Охрид
Отворање на 22-рата КОМУНАЛИЈАДА
Натпреварување во различни спортови
Доделување пехари за најдобите
Прослава и дружење

