Како и изминатите години така и оваа година, Синдикатот на работниците од угостителството,туризмот,
комунално-станбеното стопанство, занаетчиството и заштитните работилници (СУТКОЗ) од 01.09.2016 до 04.09.2016 година во Охрид во хотел "Десарет"
ги одржа традиционалните 23 спортски игри " 23 Комуналијада 2016 "
Потребните подготовки за одржување на Комуналијадата ги направи организациониот одбор на Синдикатот на СУТКОЗ на РМ.
Оваа година на игрите учествуваа 13 синдикални организации и тоа : ЈП Комунална Хигиена-Скопје,
ЈП Паркови и зеленило-Скопје,БЕГ Снабдување Дооел Скопје,БЕГ Дистрибуција Дооел Скопје, ЈКП Дервен-Велес, КЈП Нискоградба-Битола,
ЈКП Водовод и канализација-Прилеп, ЈП Пазаришта-Куманово, ЈП Погребални услуги-Свети Николе, ЈП Комуналец-Неготино,КЈП Водовод-Кочани,
ЈП Пазари-Битола,ЈП Никола Карев од Пробиштип како и претставници скоро од сите комунални синдикални организации - членки на СУТКОЗ.
Игрите свечено ги отвори претседателот на СУТКОЗ на РМ
- м-р. Дарко Димовски кој притоа ги поздрави сите учесници и гости и им посака спортско и фер натпреварување. Натпреварите беа поделени на спортски и работни дисциплини, и тоа:
Спортски
Мал фудбал - мажи -екипно
Кошарка - мажи и жени - екипно
Шах - мажи и жени - екипно
Стрелаштво - мажи и жени - екипно
Пинг-понг - мажи и жени - екипно
Пикадо - жени - екипно
Влечење јаже - мажи и жени - екипно
Работни
Аранжирање на свежо цвеќе - поединечно
Миење на јавни површини - екипно
Изнесување на смет - екипно
Монтирање на водомер - екипно
Обележување на коловоз- екипно
Имаше и гости - од земјата и од сродните синдикати од странство и тоа: од Синдикатот на индустрија, енергетика и рударство (СИЕР),
Синдикатот на одбраната и безбедноста (СОБ), Синдикатот на работниците од Управата, Правосудните органи и здруженијата на граѓани на РМ (УПОЗ),
Синдикатот за здравство,фармација и социјална заштита на РМ, (ССЗФСЗ).
Од сродните синдикати од странство , имаше претставници од Република Словенија, Република Унгарија,Република Хрватска, Федерацијата Босна и Херцеговина,
Република Црна Гора, Република Српска, Србија, Војводина, со кои Синдикатот на СУТКОЗ има долгогодишна синдикална соработка и искрено пријателство.
Игрите, на задоволство на сите учесници,поминаа во фер и спортска атмосфера и по завршувањето на натпреварувањата,
на завршната свечена вечера се доделуваа пехари, дипломи и благодарници за учесниците како потврда за уште едно успешно заедничко дружење.
На Дваесет и третите синдикални спортски игри - " 23 Комуналијада 2016 " - учествуваа околу 320 учесници и гости,
кои секако оставија свој белег и ја продолжија оваа убава традиција на спортско дружење,која ќе се негува и во иднина.
Комуналијада 2015 Хотел Десарет Охрид
Отворање на 22-рата КОМУНАЛИЈАДА
Натпреварување во различни спортови
Доделување пехари за најдобите
Прослава и дружење

