Ретроспектива на случувањата во изминатиов период

По одржувањето на Х-от Конгрес на СУТКОЗ на РМ, на кој што едногласно беше избран Дарко Димовски за претседател, се надевавме дека превирањата, подметнувањата, упадите, притисоците во нашите синдикални организации кон претседателите,делегатите,членовите на органите и телата ке престанат и ке се смират, но за жал таквите негативни појави добија само на интензитет и многу често се случуваше да имаме дојава од нашите синдикални организации дека надворешни луѓе ,кои не се ни членови на синдикатот,преку раководните лица, особено во јавните претпријатија, вршат класичен упад во работењето на синдикатот со притисоци за негирање на валидноста и одлуките на Х-от конгрес преку доставување на тнр.иницијатива за отповикување на легитимно избраниот претседател на СУТКОЗ и организирање на вонреден Конгрес.
За илустрација,на Х-от Конгрес одлуките за избор на претседател,претседателство и членови на органи и тела беа донесени едногласно, а присуатвото беше скоро 100% така што не останува место за шпекулации.Според извештајот на верификационата комисија на Конгресот беа присутни 47 делегати од вкупно 52,и со едногласна Одлука на делегатите на Конгресот избрано е ново претседателство на СУТКОЗ на РМ и членови на Надзорен Одбор на СУТКОЗ на РМ, а Кандидационата комисија извести дека на Претседателството е предложен еден кандидат . Во текот на работењето на Конгресот нема истакнато кандидатура за друг кандидат за претседател на СУТКОЗ на РМ, и како Кандидациона комисија предлагаат еден кандидат и тоа е досегашниот ВД претседател – Дарко Димовски.
По извршеното гласање констатирано е дека кандидатот Дарко Димовски е едногласно избран за претседател на СУТКОЗ на РМ.
По неколкуте случаи на упади во синдикалните организации на СУТКОЗ на РМ,за да го запознаеме членството но и да ги заштитиме од злоупотреба и последиците ,СУТКОЗ на РМ, испрати известување до сите синдикални организации,членки на СУТКОЗ каде е убаво објаснета постапката за свикување на Вонреден Конгрес,согласно Статутот на СУТКОЗ на РМ.

ИЗВЕСТУВАЊЕ

ССМ преку тогашниот претседател и преку регионалните канцеларии се мешаше најдиректно во работата на Синдикатот ,дури и на своја штета, само со цел да го смени претседателот на СУТКОЗ,бидејки беше доведен во прашање личниот и партискиот интерес, наместо синдикалниот, за тогашниот "прв" синдикалец.Несогласувањата почнаа многу порано,откако м-р.Дарко Димовски беше избран за Секретар на Советот на ССМ. Сакајки да се запознае подетално со начинот на работата на Советот на ССМ како највисок орган и на Претседателот како претседавач на Советот, наиде на документација која сама по себе беше најблаго речена со речникот на "првиот синдикалец"- историски скандал. Со пронајдените документ, а верувајки во институциите на системот, ги запозна сите надлежни институции - ОЈО,МВР,МТСП,па и мнозинските политички партии. Немаше одговор , ниту реакција од никого.
За да го наруши угледот на СУТКОЗ и да се најде некоја причина против, на 08.02.2016 година,по одржувањето на седница на претседателството на ССМ и Комисијата за начинот на финансирање на ССМ, ССМ на СУТКОЗ му праќа известување во кое стои дека врз основа на увидот во книговодствената евиденција - за која патем не ни доставија никаков документ,констатитирале дека по доаѓањето на м-р.Дарко Димовски за претседател на СУТКОЗ, уплатата на членарината е намалена, што е спротивно на Статутот на ССМ и бараат веднаш да се корегира уплатата од страна на СУТКОЗ.

ИЗВЕСТУВАЊЕ ССМ

На нивното известување, а по одржано претседателство на кое беа запознати членовите со ваквите наводи, доставивме наш одговор каде тврдиме дека заради неправилна и доцна примена на Меморандумот за финансирање на Сојузот на ССМ,кој патем случајно го откривме , СУТКОЗ е во претплата, со што ги одбиваме твдењата за повреда и непочитување на Статутот на ССМ и бараме да си направат ревизија на уплатата од СУТКОЗ, да извршат враќање на повеќе уплатена членарина или да извршиме пребивање додека не дојдеме до порамнување.

ОДГОВОР СУТКОЗ

На нашиот одговор и барање не добивме ништо.
Упорни во намерата да најдат причина со која синдикатот на СУТКОЗ би се ставил на "тапет", без да ни дадат било каков одговор на нашето барање на 16.12.2016 повторно ни доставуваат известување каде стои дека синдикатот на СУТКОЗ на РМ,прави отстапки во однос на уплатената членарина кон ССМ и бараат веднаш да се уплати заостаната членарина,без да се прецизира во колкав износ ,дали е направена ревизира на повечќе уплатената за периодот 2012-2015 итн.

ИЗВЕСТУВАЊЕ ССМ

Одговоривме повторно,дека тоа не е самоволна одлука на претседателот,туку став на претседателството,извршниот и надзорниот одбор на СУТКОЗ на РМ и уште еднаш бараме нивното известување и побарување да биде поткрепено со детална документација.
Одговорот иако беше доставен директно во архивата на ССМ,не беше примен,бидејќи на вработената и биле земени сите печати и и било наложено сите документи прво да идат на увид кај раководителот на правен сектор и разрешениот во тој период секретар- Методија Димески, за што постои службена белешка.

ОДГОВОР СУТКОЗ

Игнорантскиот и дикаторски однос од страна на раководството на ССМ кон СУТКОЗ, но и кон другите гранкови синдикати продолжуваше и понатаму, со директно мешање во работата,упади,закани,притисоци, со антисиндикално делување, со просто аминување на измените во Законите со кои се намалуваат некои веќе стекнати права на работницитеи со крајна пасивност на органите и телата на ССМ.
Ситуацијата кулминираше кога до членовите на Советот на ССМ, тогашниот претседател Живко Митревски испрати Известување во кое е наведено дека во контекст на претстојните парламентарни избори -органите и телата на ССМ- Извршниот одбор на претседателството на ССМ, Претседателството на ССМ и Советот на ССМ,ја утврдиле својата непартиска,недржавна и автономна позиција без да се вклучуваат во никакви политички процеси,преговарања или агитирање и сите активности на органите и телата на ССМ се замрзнуваат и се одложуваат по одржувањето на парламентарите избори во Декември 2016 година.

ИЗВЕСТУВАЊЕ НА ССМ ДО ЧЛЕНОВИТЕ НА СОВЕТ

На ова известување од ССМ веднаш реагираа повеќе синдикати меѓу кои и СУТКОЗ со одговор на известување бр.0302-353 од 09.11.2016.

ИЗВЕСТУВАЊЕ СУТКОЗ ДО ССМ

Целокупната комуникација помеѓу синдикатите беше сведена на меѓусебни преписки наместо на акции и делувања и затоа СУТКОЗ бараше веднаш да се свика седница на органите и телата на ССМ ,но ССМ односно Шивко Митревски немаше слух за барањата на синдикатите.
Кратко време по ова соопштение да биде иронијата поголема , тогашниот претседател на ССМ Живко Митревски без одлука на Претседателството или Советот на ССМ, злоупотребувајќи ја својата позиција, самоволно,на своја рака без овластувања од гранковите синдикати потпиша Меморандум за соработка со политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, што е во спротивност со Статутот и Програмата на ССМ и претставува занемарување на заложбите на синдикатот да ги штити правата на работниците.
Тој чин и крајно игнорантскиот однос кон Сојузот,како и заканите за членовите на Советот и претседателството дека против нив ќе бидат преземени “ мерки за нивно санкционирање вклучително и поведување на кривични постапки”, доколку некој се дрзне да учествува во иницијатива или неовластено свикување на органите и телата на ССМ - претставуваше тригер и иницијална каписла за настаните кои се случуваа потоа - Вонредниот Конгрес на ССМ на којшто беше отповикан актуелниот претседател на ССМ -Живко Митревски, а Дарко Димовски беше назначен за ВД претседател на ССМ.
Во однос на законитоста,колку е легитимно неговото отповикување или не ,според Статутот на ССМ, член 17:
На претседателот на ССМ, секретарот и потпреседателите на Советот на ССМ и другите носители на функциите, функцијата им престанува со:

  • • разрешување;
  • • поднесување оставка;
  • • со отповикување од својство на член на органот кој ја врши функцијата.
  • ...

Точка 7.
Отповикувањето на членот на органот на ССМ предложен од страна на синдикатите се врши во согласно статутот на Синдикатот. Отповикувањето може да биде иницирано и на предлог од органот на ССМ од Синдикатот.
Точка 8.
Отповикувањето од точка 7 се врши во следниве случаи:
  • • ако дејствува спротивно на Статутот и Програмата на ССМ;
  • • ако во ССМ и Синдикатот дејствува од партиски позиции;


Така со претходни консултации,договори и контакти со членовите на Советот, а согласно Статутот на ССМ, на 13.11.2017 година,беше закажан вонреден Конгрес,кој заради претходно наведеното(забрани,мораториум,закани итн. од страна на тогашниот претседател Живко Митревски) не се одржа во зградата на ССМ.
На вонредниот Конгрес присуствуваа членови на Советот на ССМ од 12 гранкови синдикати од вкупно 17 и 28 делегати од вкупно 52, што ја докажува и оправдува легитимноста на овој Вонреден Конгрес ,како и одлуките кои се донесени на истиот.

ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО МТСП, ОДЛУКИ, ЗАПИСНИК

По одржувањето на Вонредниот Конгрес,целокупната документација беше пратена во Министерството за труд и социјална политика,каде тогашната Министерка - Д-р.Фросина Ташевска-Ременски по направениот увид издаде Решение со кое се уважува барањето за упис на промена на лице овластено за застапување на Сојузот на Синдикатите на Македонија,односно како лице овластено за застапување се запишува Дарко Димовски. Бидејки ништо не беше спорно во доставената документација - Решението беше издадено на 14.11.2017 година.

РЕШЕНИЕ РЕМЕНСКИ

Истото Решение беше проследено до Централниот регистер на Македонија
- кој патем не е надлежен да решава туку само да спроведе Решение од МТСП- за впишување - но наидовме на страшни опстукции и одбивање од Централниот Регистер ,односно од главните регистратори да го извршат уписот на Дарко Димовски како в.д. Претседател на ССМ,при што истиот предмет е експресно предаден на ОЈО ,по жалба на Живко Митревски,кој не можеше да се соочи со фактот дека е сменет од фунцијата претседател на ССМ.Оттогаш започнува голготата на 4-те гранкови синдикати на ССМ, СУТКОЗ,УПОЗ,СИЕР и АГРО-синдикатот, кои ја поведоа иницијативата за промени во раководството на Сојузот на синдикатите на Македонија и враќање на синдикализмот и работничките права на работниците,а не на работодавачите.

ПРВО БАРАЊЕ ДО ЦР СО УПЛАТНИЦА

Ситуацијата беше status quo,притисоците и заканите постојано се зголемуваа,не се водеше сметка за професионализмот туку за заштита на личните интереси на Живко Митревски,кој преку тогашната власт имаше огромно влијание врз институциите,при што не беа поштедени ни семејствата на синдикалните лидери- како на претседателот на СУТКОЗ,така и на некои претседатели на Синдикални организации-членки на СУТКОЗ.
На 21.12.2016 година , се обидовме уште еднаш да доставиме барање за упис на в.д.претседателот на ССМ во Централниот Регистар на РМ,но истото беше повторно без никаков резултат.

ВТОРО БАРАЊЕ ДО ЦР СО УПЛАТНИЦА

Во меѓувреме 4-те братски синдикати,здружени во ССМ, го кренаа гласот и преку соопштенија,прес конференции,излегување во емисии ја запознаа јавноста со актуелната состојба во Сојузот на синдикати на Македонија ,како и за сите случувања околу отповикувањетона Живко Митревски, односно изборот на Дарко Димовски.
Со Состојбите и случувањата во синдикатите ја запознавме јавноста преку средствата за јавно информирање, меѓународните организации, како и европските и светските здруженија на синдикати каде ССМ е член,како ИЛО, ЕПСУ, ЕТУЦ-ИТУЦ,ПСИ, ЕФФАТ,синдикатите од бившите ЈУ простори со кои ССМ има соработка,грановите синдикати-членови на ССМ,ОЈО,Централниот регистар на Р.Македонија, а заштита побаравме и од Народниот правобранител на Република Македонија и од МВР,како релевантни институции.
Секако дека не ги изоставивме и надлежните од МТСП и тоа Министерката д-р. Фросина Ташевска-Ременски,заменик-министерот Ибрахим Ибрахими како и дополнителниот заменик министер Диме Спасов,каде ги известуваме за упадот во СУТКОЗ и наводите од страна на Живко Митревски дека постои документ издаден од МТСП со кој се спори и се негира легитимноста на Х-от Конгрес на СУТКОЗ на РМ.

ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО МТСП

ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО МТСП

ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО МТСП

Одговор добивме единствено од министерката д-р.Фросина Ташевска Ременски ,каде го известува синдикатот на СУТКОЗ дека од страна на МТСП не е издаден никаков документ со кој би се спорела легитимноста на избраното раководство на синдикатот на СУТКОЗ на РМ.

ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО МТСП

Во тој турбулентен политички период по пржинскиот договор министерката д-р.Фросина Ташевска Ременски беше разрешена и на нејзино место дојде Ибрахим ибрахими и Почна невидена медиумска борба против нас од страна на Живко Митревски.Тој постојано манипулираше и лажно ја информираше јавноста, за наводно "невидениот скандал" со неговото отповикување и покажуваше поддршка од синдикатите ,што не беше ништо друго туку обично парче хартија , кое нема својство на документ и секако не може да ја оспори одлуката на Советот на ССМ,како највисок орган во период помеѓу два Конгреси, со напомена дека претседателите на гранковите синдикати не се членови на Советот и нивните гласови и поддршка не се земаат во предвид.
Во намерата да се ослободи од 4-те синдикати кои му ги поматија сметките, Живко Митревски на 26.12.2016 година,нелегитимно свикува седница на претседателството на ССМ на која е донесено одлука за суспендирање на 4-те синдикати,а два дена подоцна иако суспензијата според Статутот на ССМ е во времетраење од 3 месеци исто така нелегитимно свикува седница на Советот на ССМ на кој се "донесува" одлука за исклучување на 4-те синдикати од членството на ССМ,и ескпресно ,детално го пресметале долгот кон ССМ во износ од 3,370,358,00 денари.

ОДЛУКА ЗА СУСПЕНЗИЈА

ОДЛУКА ЗА ИСКЛУЧУВАЊЕ

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ИСКЛУЧУВАЊЕ

ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО МТСП ЗА БРИШЕЊЕ

Дека се спорни и невалидни седниците на претседателството на ССМ на 26.12.2016 г. и на Советот на ССМ на 28.12.2016 г. е повеќе од јасно, но се прашуваме како и со колку гласови е донесена одлуката за исклучување од страна на Советот на ССМ, кога мнозинството членови од истиот тој Совет на ССМ учествуваа на Вонредниот Конгрес на кој е отповикан Живко Митревски од функцијата претседател на ССМ и затоа по однос на овие одлуки имаме основано сомнение дека е извршен фалсификат и дека истите се незаконски и нелегитимни. Несвесен или напротив многу свесен дека си ја крши гранката на која седи,а за лични и политички цели,Живко Митревски во истиот момент кога ги суспендира 4-те синдикати ,праќа известување до МТСП за бришење на 4-те синдикати од членството на ССМ.Со ислучувањето на овие синдикати од ССМ, ССМ автоматски ја губи репрезентативноста и повеќе не е фактор кој учествува во преговорите и трипартитните договори околу правата на работниците, но за Живко Митревски освен функцијата и личните интереси ништо друго и не е важно.
Веќе следниот ден Министерот Ибрахим Ибрахими на 29.12.2016 година го поништува Решението го го издала министерката д-р.Фросина Ташевска Ременски и со тоа додатно ја отежнува и така тешката состојба на 4-те синдикати,а посебно на претседателот на СУТКОЗ и ВД претседателот на ССМ м-р.Дарко Димовски.

РЕШЕНИЕ ИБРАХИМИ

Соочени со летаргија во сите сфери на општественото живеење, нефункционирање на сите институции,префрлање на надлежностите и одговорностите од еден на друг и губењето на - за нас драгоцено време,со веќе добиени информации дека сакаат насилно да не иселат од работните простории и синдикалниот дом, се договоривме да направиме и испровоцираме раздвижување и решавање на ситуацијата во ССМ. 4-те синдикати , на кои се приклучи и СОБ кој исто така се соочуваше со упад во синдикатот и порано исклучениот МЕСО.
Се собравме на 5-ти Јануари во Зградата на ССМ и решивме дека ке седиме тука се додека не се реши ситуацијата со ССМ.
Седевме мирно, со присуство на полицијата кога утрото околу 4,30 часот на 06.01.2017 година, Живко Митревски со група рекетари, насилно влезе во зградата на ССМ, притоа буткајќи ја и полицијата.При тоа в.д. претседателот на ССМ -Дарко Димовски беше физички нападнат и по физичкиот напад и прегледите во Градска болница истиот беше задржан на трауматологија. Ни беше забранет секаков влез во зградата на ССМ,на -15 седевме пред врата и чекавме полицијата да си ја врши работата , но наместо полицијата да не заштити ,тие во невиден број влегоа во зградата на ССМ да ја бранат од нас.



Наместо да се предадеме и помириме,станувавме уште посилни знаејќи дека сме во право и дека ја имаме поддршката од работниците, од нашите синдикални организации и од целокупната јавност и во името на вистината и правдата работевме во партизански услови. Канцелариите ни беа насилно обиени,сите работи, целокупната документација и подвижен инвентар, ни беше фрлен во вреќи и без никаков попис, прегледност и известување - однесено во склад.Оттаму си ги подигнавме работите во присуство на нотар и направивме записник за се што најдовме. Глетката беше во најмала рака непријатна.



Набрзо просторно се сместивме во деловната зграда на Раде Кончар, каде што остваривме и средба со делегација од ЕФФАТ,ИНДУСТРИАЛЛ,кои на лице место се запознаа со ситуацијата и се уверија дека не е се така розево во ССМ како што им презентирал Шивко Митревски.Тие немаат ингеренции да се мешаат во работата на ССМ,но се заложија да лобираат да се даде усте една шанса за 4-те синдикати да не бидат избркани од ССМ, ( бидејќи ги лажеа најбезочно дека сме само суспендирани,не и исклучени) и цела среќа што МТСП не изготвило решение по доставеното известување, бидејќи тој период беше навистина турбулентен од секој аспект.

Ја имавме започнато и правната битка заедно со адвокатската канцеларија Давидовиќ-Јанковиќ кои неуморно ни ги осветлуваа судските лавиринти.
До Уставниот Суд беше доставена тужба со предлог за издавање на времена мерка и за заштита поради незаконито дејство кои Уставниот суд ги отфрли.
Повторно беше поднесено барање до Управниот суд да се задолжи Централниот регистар на РМ на изврши упис на промена на овластено лице по барање на МТСП од 14.11.2016 година,но и ова барање беше одбиено и Уставниот суд го отфрли.

РЕШЕНИЕ УСПИ 24/2016, 25/2016

РЕШЕНИЕ УСПИ 2/2017, 3/2017

Адвокатскиот тим од Давидовиќ-Јанковиќ поднесоа Жалба до Врховен суд на Р.Македонија, против решението на Управниот Суд УСПИ 2/2017,3/2017 во постапка за заштита на незаконито дејствие,по што Врховниот суд на својата седница на 20.03.2017 г.ја уважи жалбата и предметот го врати повтотрно на разгледување на Управниот суд.

РЕШЕНИЕ УСПИЖ 1/2017

Управниот суд на седницата на советот на 10.05.2017 г. повторно ја одбива жалбата за неоснована и одбива да го впише м-р.Дарко Димовски за вд. претседател на ССМ,

УСПИ 15/2017

по што адвокатскиот тим од Адвокатската канцеларија Давидовиќ-Јанковиќ упатуваат Жалба со образложение против Решението Управниот суд Успи15/2017

ЖАЛБА ОД ДАВИДОВИЌ-ЈАНКОВИЌ

Истовремено до МТСП на 19.06.2017 поднесуваме Барање за огласување на ништовно на Решението донесено на 29.12.2017 од тогашниот министер Ибрахим Ибрахими со многу детално и недвосмислено образложение ,правно издржано и со сите докази во прилог.

БАРАЊЕ ЗА ОГЛАСУВАЊЕ НА НИШТОВНО

По детални проучувања од страна на службите на МТСТ како и на министерката Мила Царовска,конечно на 04.08.2017 година МТСП го огласува за ништовно (во смисла на чл.124 од ЗОУП) Решението донесено на 29.12.2016 г.од страна на тогашниот министер Ибрахим Ибрахими по основа на чл.117 и 121 од ЗОУП.

РЕШЕНИЕ ЦАРОВСКА

Живко Митревски соочен со вистината која не му оди во прилог , ја обвини министерката Мила Царовска за упад во ССМ и бара нејзина оставка!?!
Истиот тој Живко Митревски кој правеше упади во повеќето гранкови синдикати!? Кој сакаше да формира други синдикати кои би го превзеле членството на гранковите синдикати во ССМ заради "непослушноста" на претседателите на гранковите синдикати.Истиот тој кој во ЈП Водовод и канализација Скопје,една од поголемите синдикални организации на СУТКОЗ, донесе синдикат на транспорт и врски од КСС,каде вработените беа приморани да потпишуваат пристапници за синдикат кој нема никаква врска со комуналната дејност!?

Да е ситуацијата понелогична тој наведува дека Митревски дошол на позицијата претседател на ССМ со заклучок, а не со решение, како и дека на Конгресот на кој тој постојано се повикувал бил избран без потребниот кворум за работа и со бојкот од повеќе синдикати.

Истиот тој Живко Митревски на прес конференцијата не можеше да даде одговор како тоа истиот правен лек во истата правна процедура еднаш употребен од Ибраими е легален, а сега кога Царовска го примени истото поништување е против законите!?
Исто така немаше и одговор дали би потпишал декларација за соработка со новата влада како социјален партнер како што тоа го направи со владата на ВМРО-ДПМНЕ.
Митревски како спорен претседател на ССМ ќе треба да ја напушти синдикалната зграда која практично ја окупираше со свое приватно обезбедување и ги протера побунетите синдикати кои побараа негова смена.

После низа повеќемесечни случувања ,конечно Централниот регистар на Македонија врз основа на целокупната документација го впиша Дарко Димовски за в.д.претседател на ССМ и издаде Решение ,но и покрај тоа тој и неговите соработници од гранските синдикати кои беа избркани никако да се вратат во нивниот синдикален дом.



Новиот претседател и неговите соработници повикаа полиција за да влезат во своите просториии и со асистенција на полицијата конечно влегоа во зградата. Живко Митревски побара да му се даде време од неколку часа како би можел да се подготви за примопредавање, што беше прифатено од в.д. претседателот Дарко Димовски, но за тоа време Живко Митревски собирал документација која не сакал да биде пронајдена ,и се обидел скришно да се извлече (читај-да избега) со вреќите документи,притоа со себе си ги земал и клучевите од кабинетот итн. но во тек е внатрешна ревизја на сите документи потпишани од Живко Митревски и претходното раководство а покрај внатрешната ревизија Дарко Димовски ќе побара и државна ревизија на досегашното работење на ССМ. Но тоа ќе си биде работа на службите а синдикатите ќе си продолжат со своите активности во и во тој поглед на новото претседателство веќе е одржан прв состанок на кој е разговарано сите гранкови синдикати да ја вратат соработката во ССМ како и да се разгледа можноста за вклучување на нови синдикати кои се независни.

Фокусот на новото раководство е синдикатите да си ја работат својата работа,да се залагаат за достојно и доследно почитување и применување на работничките права,за зголемување и подобрување на условите за работа,платите,за донесување на Колективни договори кои ќе бидат во функција на работниците итн., а институциите да си ја вршат својата работа. На СУТКОЗ на РМ како гранков синдикат на работниците од угостителството, туризмот, комунално-станбеното стопанство,занаетчиството и заштитните друштва на Македонија,приоритет во наредниот период ќе му биде донесување на Колективни договори за комуналната дејност,за угостителство и туризам, со особен акцент на примена односно непримена на Законот за административни службеници,Законот за Јавни службеници и Законот за даватели на јавни услуги кои се косат во јавните комунални претпријатија ,за што имаме поднесено иницијатива пред Уставниот суд како и пред Министерството за информатичко општество и администрација.