Image



Синдикалните средби од минатата година завршија во знакот на дружењето со пријателите, со желба традицијата да продолжи и заедничкото уверување - "Се гледаме догодина во многу поголем број"

На задоволство на сите , овогодинешните 25 синдикални спортски средби - 25 КОМУНАЛИЈАДА - беа далеку помасовни и побројни. Годинава од 11 до 14 Октомври, на променета локација, во хотелот МИЗО во Охрид се одржаа 25-тите синдикални спортски средби со околу 520 учесници и гости, што е значително поголем број од претходните години.

Како учесници на овогодинешните синдикални средби беа претставници од комуналните претпријатија од :

• ЈП Комунална хигиена Скопје
• ЈП Водовод и канализација Скопје
• ЈП Паркови и зеленило Скопје
• ЈП Улици и патишта Скопје
• АД Скопски пазар Скопје
• Снабдување со топлина Балкан Енерџи ДООЕЛ - Скопје
• ЈКП Водовод Битола
• ЈКП Нискоградба Битола
• ЈКП Водовод и канализација Прилеп
• ЈКП Комуналец Прилеп
• ЈКП Дервен Велес
• ЈП Охридски комуналец Охрид
• МЈП Проаква РЕ Водовод Охрид
• ЈП Билјанини Извори Охрид
• ЈП Нискоградба Охрид
• ЈП Комунално Струга
• ЈП Плаваја Радовиш
• КЈП Водовод Кочани
• ЈП Камена река Македонска Каменица
• ЈП Исар Штип
• ЈКП Комуналец Свети Николе
• ЈП за водоснабдување Студенчица Кичево

Покрај нашите членови со нас присутни се и нашите пријатели и гости од сродните синдикати од регионот од: Република Србија, република Српска,Република Босна и Херцеговина, Автонимна покраина Војводина, Република Црна Гора, република Бугарија, како и претседателите на гранковите синдикати во ССМ : Синдикатот на СОБ,Синдикатот на МПС,Синдикатот на СГИП,Синдикатот на МЕСО,Синдикатот на СХНМ, Синдикатот на ССЗФСЗ.

Игрите свечено ги отвори претседателот на СУТКОЗ на РМ - м-р Дарко Димовски кој притоа ги поздрави сите учесници и гости и им посака спортско и фер натпреварување. Натпреварите беа поделени на спортски и работни дисциплини, и тоа:
Спортски
Мал фудбал - мажи -екипно
Кошарка - мажи и жени - екипно
Шах - мажи и жени - екипно
Стрелаштво - мажи и жени - екипно
Пинг-понг - мажи и жени - екипно
Пикадо - жени - екипно
Куглање - мажи и жени - екипно
Влечење јаже - мажи и жени - екипно

Работни
Аранжирање на свежо цвеќе - поединечно
Миење на јавни површини - екипно
Изнесување на смет - екипно
Монтирање на водомер - екипно
Обележување на коловоз- екипно

Игрите, на задоволство на сите учесници,поминаа во фер и спортска атмосфера.По завршувањето на натпреварувањата, на завршната свечена вечера се доделуваа пехари, дипломи и благодарници за учесниците како потврда за уште едно успешно заедничко дружење и мотив за уште подобри резултати и поубаво меѓусебно дружење на следната Комуналијада.

Спортски игри - Комуналијада 2018 Спортски игри - Комуналијада 2018 Спортски игри - Комуналијада 2018 Спортски игри - Комуналијада 2018 Спортски игри - Комуналијада 2018 Спортски игри - Комуналијада 2018 Спортски игри - Комуналијада 2018 Спортски игри - Комуналијада 2018 Спортски игри - Комуналијада 2018 Спортски игри - Комуналијада 2018 Спортски игри - Комуналијада 2018 Спортски игри - Комуналијада 2018 Спортски игри - Комуналијада 2018 Спортски игри - Комуналијада 2018 Спортски игри - Комуналијада 2018 Спортски игри - Комуналијада 2018 Спортски игри - Комуналијада 2018 Спортски игри - Комуналијада 2018 Спортски игри - Комуналијада 2018 Спортски игри - Комуналијада 2018 Спортски игри - Комуналијада 2018 Спортски игри - Комуналијада 2018 Спортски игри - Комуналијада 2018 Спортски игри - Комуналијада 2018