Image

Во интерес на зачувување и одржување на традицијата и годинава од 07 до 10 Септември,традиционално во хотелот Десарет, во Охрид, ја организиравме 24-та Комуналијада,која требаше да има спортски и едукативен карактер, но соочени со многуте проблеми на јавните комунални претпријатија, одзивот беше многу слаб.Повеќето од нашите синдикални организации не наидоа на разбирање и поддршка во своите претпријатија.

Некои претпријатија не можеа да си дозволат да ги пратат своите работници заради финансиска криза со која се соочуваат , други пак заради партиски обоености спроти одржување на локалните избори и, сите тие околности влијаеа на одзивот кој беше многу помал во однос на претходните години.

Годинава имаше околу 150 учесници и гости, што е значително помал број од претходните години.
Како учесници на овогодинешните синдикални средби беа претставници од комуналните претпријатија од :

  • ЈКП Нискоградба Битола
  • ЈКП Водовод и канализација Прилеп
  • ЈП Пазари Битола
  • ЈКП Дервен Велес
  • ЈП Пазаришта Куманово
  • ЈП Погребални услуги Свети Николе
  • КЈП Водовод Кочани
  • БЕГ Снабдување со топлина Скопје
  • ЈП Комуналец Неготино
  • АД Скопски пазар Скопје
  • ЈКП Комуналец Прилеп
  • ЈКП Пазари Прилеп
  • ЈП Плаваја Радовиш
  • ЈП Тетово Тетово
  • ЈПКД Комуналец Струмица


Сепак решивме да ја зачуваме традицијата и наместо спортско работнички карактер на игрите,годинешнава Комуналијада имаше едукативен карактер. Се одржа предавање на тема "Улогата ,функцијата и заштитата на синдикалниот претставник" , од страна на актуелниот претседател на МЕСО, а долгогодишен синдикалец Драге Јованоски.
Синдикалните средби поминаа во меѓусебно релаксирано дружење, споделување на проблеми,радости, разменување на искуства со претставници на сродните синдикати од просторите на бившите Ју Републики.
Поканети беа претставници од сродните синдикати од Словенија,Хрватска,Босна и Херцеговина, Република Српска,Црна Гора, Србија.
На поканата единствено не присуствуваа претставниците од Самостојниот синдикат на работниците од комуналните и сродни дејност на Хрватска, како и претставници од Обединетите грански синдикати Независност од Србија ,заради преклопување на термините со нивните претходно договорени активности.
Синдикалните работнички средби ги отворија Лазе Ѓорѓиевски и Бранко Георгиев, бидејќи претседателот Дарко Димовски мораше дента да присуствува на средба во својство на В.Д. претседател на ССМ.
Од Сојузот на синдикатите на Македонија на свеченото затворање на средбите присуствуваа претставници и претседатели од: Синдикатот одбраната и безбедноста (СОБ)
Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита (ССЗФСЗ)
Мултиетнички синдикат на образование (МЕСО)
Самостоен синдикат на работниците од енергетика и стопанство на РМ (ССЕСМ)
Синдикат за градежништво,индустрија и проектирање на Република Македонија(СГИП)
Беа поканети и други претставници, но по повод празникот 8-ми Септември , денот на осамостојувањето на Република Македонија и празничниот продолжен викенд , а со приватни обврски и планови , некои не можеа да присуствуваат .
Синдикалните средби поминаа во убава атмосфера и дружење, иако поразлично од минатите години, сите беа задоволни од дружењето со пријателите, со општа констатација - "Се гледаме догодина во многу поголем број"



Комуналијада 2017 Хотел Десарет Охрид

Спортски игри Комуналијада Спортски игри Комуналијада Спортски игри Комуналијада Спортски игри Комуналијада Спортски игри Комуналијада Спортски игри Комуналијада Спортски игри Комуналијада Спортски игри Комуналијада Спортски игри Комуналијада Спортски игри Комуналијада Спортски игри Комуналијада Спортски игри Комуналијада Спортски игри Комуналијада Спортски игри Комуналијада Спортски игри Комуналијада Спортски игри Комуналијада Спортски игри Комуналијада Спортски игри Комуналијада