Пред крајот на 2019 година, на 27.12.2019 година, претседателот на СУТКОЗ, м-р Дарко Димовски ја свика 17-тата седница во проширен состав со следниот дневен ред :
1. Усвојување на записникот од шеснаесеттата седница на претседателството на СУТКОЗ,
2. Информации за изминатата тековна 2019 година,
3. Разно.
По првата точка - Усвојување на записникот од шеснаесеттата седница на претседателството на СУТКОЗ - претседателот праша дали некој има забелешки, констатираше дека никој нема и го стави на гласање, со што истиот едногласно беше усвоен.
По втората точка - информации за изминатата тековна 2019 година, претседателот отвори расправа и кажа дека во 2019 година напорно работевме околу Законот за работни односи и Колективниот договор и сеуште се преговара.Имавме средба и со премиерот но нерешени прашања имаме со МИОА . Се прават напори да се исплати регрес за годишен одмор онаму каде што не е исплатен, но со забелешка, да се внимава и да не се наруши финансиската стабилност и на претпријатијата. Да си останеме на ставот околу законот за административни и јавни службеници и да си донесеме реален , издржан и подобрен КД.
По трета точка разно-се дискутираше околу актуелните теми-регрес,новогодишна награда. Претседателот кажа дека дел од членството реагирале кај него за непочитување на Одлуката за финасирање на СУТКОЗ - уплата за членарина и бараат да се донесе Одлука- таму каде што има поголеми отстапувања од уплатата таа да се изврши од страна на СУТКОЗ.
Исто така претседателот информираше дека во новата 2020 година ССМ одржува редовен Конгрес и побара поддршка за негова кандидатура за претседател на ССМ во наредниот мандат. Предлогот за кандидатурата го стави на гласање , а присутните едногласно го изгласаа, по што тој се заблагодари на укажаната доверба и поддршка.
По исцрпениот дневен ред, претседателот на сите им посака срекни Новогодишни и Божиќни празници и ја затвори последната седница од 2019 година.