Оваа година заради пандемијата предизвикана од вирусот COVID 19 и заради заштита на населението со низа мерки, со кои се органичува движењето и поготово групните собири , Денот на трудот 1 Мај, нема да го одбележиме со традиционалниот Првомајски Марш. Тоа не значи дека нема да ги упатиме барањата на работниците и нашите заложби - со цел зачувување, остварување и подобрување на работничките права, напротив остануваме будни и посветени на нашата цел.Технолошкиот напредок и дигитализацијата ја подигнуваат борбата на ново ниво.
Ја дигитализираме револуцијата!
Дигитален синдикален марш!
ДА НИ Е ЧЕСТИТ 1 МАЈ – ДЕНОТ НА ТРУДОТ !!!