По завршувањето на годишните одмори а во пресрет на синдикалните спортски игри КОМУНАЛИЈАДА, претседателот ја свика XII Седница на претседателството на СУТКОЗ на РМ, на 29.08.2018 година во 11,00 часот со следниот дневен ред:

1. Усвојување на записникот од единаесетатта седница на претседателството на СУТКОЗ на РМ.
2. Синдикални спортски игри "XXV Комуналијада 2018"
3. Известување за Предлог Законот за синдикати,Здруженија на работодавачи и Колективно Договарање.
4. Разно

Работната група во состав од Дарко Димовски, Слободан Симоски, Димитрија Михајловски, Љупчо Лазевски, Зоран Спасовски, Лазе Ѓорѓиевски, Стефчо Маслов ги презентираше понудите и условите кои беа дадени во врска со одржувањето на XXV Комуналијада. Најповолна понуда,од сите аспекти (просторни,организациони, спортски) даде хотел МИЗО-Охрид, и тие предложија да се прифати нивната понуда. Со прифаќањето на понудата од хотел Мизо - Охрид се дефинираше годинешното претстојно одржување на Комуналијадата.

На седницата членовите на претседателството на СУТКОЗ беа запознати и со активностите на ССМ околу Предлог Законот за синдикати,Здруженија на работодавачи и Колективно Договарање, како социјален партнер на Владата. Слободан Трендафилов, раководител на правната служба во ССМ, е активно вклучен во овој процес и на членовите на претседателството им појаснуваше во кој дел од предлог Законите , ССМ има забелешки .На што ќе се работи,што значат овие Закони за синдикатите итн.

По точката разно се информираа синдикалните организации дека СУТКОЗ на РМ како гранков синдикат ќе поднесе барање до МТСП за утврдување на репрезентативност за комуналните дејности во Р.Македонија, со барање до сите членки од комуналната сфера да достават списоци на членство во синдикатот на СУТКОЗ.



22 Седница на претседателство на СУТКОЗ на РМ 22 Седница на претседателство на СУТКОЗ на РМ