10-ти Конгрес
На 26-та седница на Претседателството на СУТКОЗ на РМ, која се одржа на 31.03.2016 година, по одржаните избори во Синдикалните организации и по поднесениот предлог за претседател на СУТКОЗ и поддршката за претседател на м-р. Дарко Димовски, како единствен кандидат за претседател на СУТКОЗ на РМ,беше закажано одржувањето на редовниот Х-ти Конгрес на СУТКОЗ на РМ - за избор на органи и тела на СУТКОЗ на РМ (претседател, членови на претседателството, членови на надзорен одбор и нивни заменици) за 08.04.2016 година во Дојран.
На Конгресот беше усвоен следниот дневен ред:
- Усвојување на Деловникот за работа на Х-от Конгрес на СУТКОЗ на РМ,
- Избор на работни тела на Конгресот - Верификациона комисија - Кандидациона комисија - Изборна комисија -Записничар и двајца оверувачи
- Извештај на верификациона комисија
- Предлог-извештај за активностите на СУТКОЗ во периодот помеѓу IX и X Конгрес,
- Предлог-извештај за материјално-финансиското работење на СУТКОЗ на РМ во периодот помеѓу два Конгреси
- Предлог- програмски активности на СУТКОЗ за период 2016-2021 година,
- Предлог-измени и дополнување на Статутот на СУТКОЗ,
- Разрешување на членовите на Претседателството на СУТКОЗ , претседателот на СУТКОЗ, Надзорниот одбор на СУТКОЗ
- Избор на Претседателство на СУТКОЗ
- Избор на членови на надзорен одбор на СУТКОЗ на РМ
- Избор на Претседател на СУТКОЗ на РМ.
По презентираните извештаи околу работата и активностите на СУТКОЗ,како и идните цели , се усвоија и предлог измените и дополнувањата на Статутот на СУТКОЗ, по теркот на другите поголеми и поискусни гранкови синдикати.
Се укина статутарната комисија,а нејзините ингренции ги презема Извршниот одбор на СУТКОЗ на РМ,кој се состанува почесто и е одблизу запознаен со проблемите на кои наидуваат синдикалните организации.
За оваа и други измени ќе може да се запознаете во делот на Статут на СУТКОЗ на РМ.
Известителот на Кандидационата комисија, извести дека на Претседателството е предложен еден кандидат за претседател на СУТКОЗ на РМ и дека во текот на работењето на Конгресот нема истакнато кандидатура за друг кандидат, а тоа е досегашниот ВД претседател – Дарко Димовски. На Конгресот со акламација се усвои изборот на м-р. Дарко Димовски за редовен претседател на СУТКОЗ на РМ. Се усвоија и останатите органи и тела на СУТКОЗ на РМ

