Како и секоја година по спроведеното книжење на финансиските резултати на СУТКОЗ на РМ со сите синдикални организации - членки ,односно по изготвувањето на Завршната сметка на СУТКОЗ од страна на овластениот книговодител со долгогодишно искуство и познавање, Снежана Костовска, претседателот Дарко Димовски ја свика 10-та седница на претседателството на СУТКОЗ на РМ, на 21.03.2018 со следниот дневен ред :

1.Усвојување на записникот од деветтата седница на претседателството на СУТКОЗ на РМ.

2. Извештај од Надзорниот одбор на СУТКОЗ на РМ за завршната сметка за 2017 година.

3. Тековни прашања

Претседателот на Надзорниот одбор на СУТКОЗ на РМ за Завршната сметка за 2017 година - Злата Лаова даде образложување по истата и кажа дека Надзорниот одбор ја прифати, со што се даде предлог на претседателството да ја усвои завршната сметка за 2017 година.Слободан Симоски,претседателот на ИО на СУТКОЗ на РМ побара и Снежана Костовска,како сметководител да ја образложи, и ја образложи, а по кратко обраќање на некои членови од претседателството се прифати финансискиот извештај и едногласно се усвои завршната сметка за 2017 година.