Како дел од активностите на Секцијата на млади на ССМ, (СМССМ) во периодот од 29-31 мај 2018 година, во Охрид, во организација со Фондацијата Фридрих Еберт, канцеларија Скопје, Секцијата на млади на ССМ одржа работилница на која присуствуваа членовите на Извршниот одбор на СМССМ од гранските синдикати, меѓу кои и од нашиот синдикат, здружени во ССМ.

Работилницата ја отвори претседателката на Секцијата на млади на ССМ, Ирена Ивановска, а на истата се обрати и Директорката на ФЕС Скопје, Ева Елерајт. Останати кои присуствуваа и дадоа свој придонес беа: претседателот на ССМ, Дарко Димовски, координаторот на ФЕС, Милан Живковиќ, Ивана Вучкова од ФЕС, , професорот од Правен факултет, Драган Гоцевски и Владо Караев, тим билдинг експерт, кои ја истакнаа важноста од вклучување на младите во синдикалните политики, промовирање и унапредување на работничките права на младите луѓе

На самата работилница, членовите на Извршниот Одбор на Секцијата на млади на ССМ ги ревидираа постојните документи на СМССМ, Деловникот за работа и Програмата на Секцијата, а истите ги усвоија на седницата на ИО одржана по завршување на работилницата.

Работилница на секцијата на млади на ССМ Работилница на секцијата на млади на ССМ