Во рамките на активностите на ССМ и Секцијата на жени при ССМ , на 06.03.2018 година се одржа Конференција за поддршка на Кампањата на Меѓународната конфедерација на синдикати.

       ССМ и Секцијата на жени при ССМ на овој начин активно се вклучиja во глобалната активност за поддршка на Конвенцијата и Препораката на МОТ за „Спречување на насилството врз жените и мажите во светот на трудот“ , со посебно внимание на родовата димензија на насилството и да се мобилизираат и зајакнат синдикалните активности за елиминирање на родовото насилство во светот на трудот.

      Конференцијата ја отвори претседателката на Секцијата на жени при ССМ, Елизабета Гелевска, а на истата присуствуваа членовите на Секцијата на жени од сите грански синдикати здружени во ССМ, меѓу кои и СУТКОЗ на РМ, претставници од социјалните партнери, Министерството за труд и социјална политика, Влада на РМ, Организација на работодавачи на Македонија, Бизнис конфедерација на Македонија, Меѓународната организација на трудот, Фондација Фридрих Еберт, Унија на независни и автономни синдикати на Македонија (УНАСМ)и др.

Конференција на секција           
на жени при ССМ Конференција на секција           
на жени при ССМ