Image



Во пресрет на 1 Мај - Денот на трудот, претседателот ја свика XI -та проширена седница, со членовите на претседателството на СУТКОЗ и на советот на ССМ, на 20.04.2018 година.

Целта беше да се утврдат подетално активностите кои СУТКОЗ на РМ, во координација со Сојузот на синдикатите на Македонија, ќе ги преземе за достојно и масовно обележување на празникот на трудот - 1 Мај.

На седницата претставниците/претседателите на синдикалните организации на СУТКОЗ на РМ, се договорија да го активираат членството , за што помасовно да се излезе на еден ваков Првомајски марш, по подолго време на летаргичност во синдикатите .

Оваа година се поклопи со значаен јубилеј за синдикалното организирање во Македнија.Се одбележија 110 години од првото синдикално делување и здружување на занаетчиите во Македонија во почетокот на 20 век.

Мотото и барањата на синдикалното движење ја отсликуваат потребата на работниците во сите дејности.

1 Мај - Денот на трудот 1 Мај - Денот на трудот

Синдикалниот марш , во координација со останатите грански синдикати во ССМ и другите здруженија и синдикати беше закажан во 10,30 часот пред ССМ, со насока на движење пред Собранието на РМ, каде ке се претстават барањата на работниците до народните избраници, а од таму потоа и до Владата на Република Македонија.

1 Мај - Денот на трудот 1 Мај - Денот на трудот 1 Мај - Денот на трудот

Со гордост ќе кажеме дека членовите на синдикатот на СУТКОЗ на РМ беа најбројни во овогодинешниот марш, со преку 300 членови, но тоа нека биде пример и потстрек до сите работници, во иднина да излезат на Првомајски марш каде што ќе можат директно да ги кажат своите барања ,а исто така и тие да бидат слушнати.

1 Мај - Денот на трудот 1 Мај - Денот на трудот