Пред крајот на една од најтурбулентните години на СУТКОЗ , претседателот свика проширена седница, со членовите на претседателството на СУТКОЗ и на советот на ССМ, на 27.12.2017 година , со дневен ред :
1. Предлог-иницијатива од сите комунални претпријатија-членки на СУТКОЗ на РМ, за отповикување на Законите за:
Закон за Административни службеници;
- Закон за Јавни службеници;
и предлог до ресорното Министерство за информатичко општество и администрација, за останување на комуналните претпријатија под Законот за работни односи.
2. Тековни прашања
На оваа седница се зацртаа натамошните насоки на делување на СУТКОЗ на РМ во 2018 година.
Како приоритет на СУТКОЗ со почетокот на 2018 година беше поднесувањето на : Петиција и Иницијатива за измена на Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за административни службеници, до Министерството за информатичко општество и администрација.
(прилог 100 и 101)
Прилог - 100
Прилог - 101
Петицијата беше поддржана и потпишана од сите комунални претпријатија - членки на СУТКОЗ на РМ, за изземање на Законот за Административни службеници и Законот за вработени во јавниот сектор , односно за комуналните претпријатија да важат одредбите од Законот за работни односи и претходните применливи важечки Закони и прописи. Истата беше доставена до ресорното Министерство за информатичко општество и администрација (до Министер, Заменик Министер и Државниот Советник) до Министерството за труд и социјална полика (до Министер), до Министерството за економија (до Министер).
(прилог 102,103,104,105,106)
Прилог - 102
Прилог - 103
Прилог - 104
Прилог - 105
Прилог - 106
Во прилог беше доставена и претходна иницијатива од АДКОМ до Владата на Република Македонија - за измена на член 2 став 1 точка 2 од Законот за вработените во јавниот сектор, член 3 од Законот за административни службеници и, укинување на Законот за изменување и дополнување на Законот за јавните претпријатија.
(прилог 107)
Прилог - 107
Со свое мислење во однос на нашето барање и иницијатива, се произнесе Министерството за информатичко општество и администрација, во кое не известуваат дека Иницијативата за измена на Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за административни службеници ќе биде повторно разгледувана кога согласно Нацрт стратегијата и Годишната програма на Министерството за информатичко општество и администрација е планирано изменување на наведените Закони. (прилог МИОА)