Во пресрет на традиционалните синдикални спортски средби и игри - Комуналијада, претседателот Дарко Димовски на 21.08.2019 година, ја свика XVI Седница на претседателството на СУТКОЗ , со цел да се информираат членовите за постигнатите преговори околу местото и условите за одржување на XXVI-та Комуналијада како и да се запознаат со тековните активности. Дневниот ред на XVI-та Седница на претседателството на СУТКОЗ е следен:
1. Усвојување на записникот од петнаесеттата седница на претседателството на СУТКОЗ ,
2. Синдикални спортски игри "XXVI Комуналијада 2019",
3. Писмо-одговор од Владата на РСМ за враќање на комуналните работници под ЗРО,
4. Тековни прашања.
По првата точка - усвојување на записникот од петнаесеттата седница на претседателството на СУТКОЗ - претседателот праша дали некој има забелешки по што го стави на гласање и бвидејки никој немаше забелешка, записникот од петнаесеттата седница на претседателството на СУТКОЗ - едногласно беше усвоен.
По втората точка за одржувањето на синдикалните спортски игри - Комуналијада - претседателот рече дека заради големата бројност лани , оваа година ни одговара Хотел Десарет, кој има доволно сместувачки капацитети , а и во однос на цената беше најповолен.Членовите од локалните синдикални организации - Охрид и Струга - ке помогнат околу организацијата за музика,судии и медицински персонал.
Се формираше организационен одбор од 10-тина луѓе кои беа одговорни за распоредот на сместување во договор со синдикалните организации-учеснички и за спортските реквизити.
По третата точка- Писмо-одговор од Владата на РСМ за враќање на комуналните работници под ЗРО претседателот извести дека од Владата е стигнато писмо , со кое предлагаат да се отпочнат преговори со МИОА. Предлог членови на таа работна група се: Блаже, Рајна, Зоки Спасов, Стефчо , Цвета и Марија од Улици и патишта. Предлогот се стави на гласање и едногласно се усвои.
По четвртата точка - Разно - се дискутираше околу преговорите за Регрес за годишен одмор и во другите јавни претпријатија, како и за неопходноста за донесување на нов Колективен договор.
Работната група е спремна и се ке зависи од активностите на Владата и на ресорните министерства. По исцрпување на дневниот ред и коментарите на учесниците заврши 16 седница на претседателството на СУТКОЗ.