Синдикатот на работниците од угостителството, туризмот, комунално-станбеното стопанство, занаетчиството и заштитните друштва - (СУТКОЗ) и ЈП Водовод и канализација – Скопје на барање на СУТКОЗ, потпишаа спогодба за исплата на регрес за годишен одмор за 2016, 2017 и 2018 година.

Sutkoz-Vodovod

Со оглед на фактот што во изминатите 11 години не беше исплаќан регрес за годишен одмор, согласно можностите на претпријатието, а во договор помеѓу ЈП Водовод и Канализација - Скопје и СУТКОЗ, во наредниот период ќе биде исплатен регресот за годишен одмор за наведените години.
Претседатетелот на СУТКОЗ, Дарко Димовски, истакна дека се преговара и со другите комунални претпријатија кои не исплатиле регрес за годишен одмор во изминатите години, а кој им следува на работниците согласно Колективниот договор за комунални дејности истиот да биде исплатен.
Претседателот на СУТКОЗ изрази задоволство од разбирањето и почитувањето на работничките права утврдени во Колективниот договор од страна на Директорите на комуналните претпријатија.