Во пресрет на 1 Мај - денот на трудот - претседателот Дарко Димовски, свика договорен состанок на 18.04.2019 година, со сите претседатели на синдикалните организации - членови на СУТКОЗ - околу нивното учество и активности по повод одржувањето на Првомајскиот синдикален марш.
Целта беше да се утврдат подетално активностите кои СУТКОЗ на РМ, во координација со Сојузот на синдикатите на Македонија, ќе ги преземе за достојно и масовно обележување на празникот на трудот - 1 Мај. Мотото на овогодинешниот Првомајски синдикален марш е :

ГЛАСОТ НА РАБОТНИЦИТЕ !!! НЕ МОЖЕ ДА СЕ ОДЛУЧУВА ЗА НАС БЕЗ НАС

Повторно мораме да истакнеме дека членовите на синдикатот на СУТКОЗ беа најбројни во овогодинешниот марш, со преку 650 членови - учесници. Меѓу најбројните годинава беа членовите на СО при ЈП Комунална хигиена Скопје, ЈП Водовод и канализација Скопје, ЈП Комуналец - Струмица, ЈП Охридски комуналец-Охрид , без при тоа да се намали придонесот и на останатите наши членови од сите синдикални организации, кои земаа учество колку што им дозволуваа условите и работните обврски, буидејки иако 1 Мај е празник и неработен ден, јавните претпријатија мора да функционираат преку своите дежурни служби.

1 Мај 2019 1 Мај 2019 1 Мај 2019 1 Мај 2019