Како и секоја година по спроведеното книжење на финансиските резултати на СУТКОЗ на РМ со сите синдикални организации - членки ,односно по изготвувањето на Завршната сметка на СУТКОЗ од страна на овластениот книговодител со долгогодишно искуство и познавање, Снежана Костовска - претседателот Дарко Димовски ја свика 14-та седница на претседателството на СУТКОЗ на РМ, на 27.02.2019 со следниот дневен ред :

1. Усвојување на записникот од тринаесеттата седница на претседателството на СУТКОЗ на РМ,
2. Завршна сметка на СУТКОЗ на РМ,
3. Тековни прашања.
По едногласното усвојување на Записникот од XIII седница - претседателката на НО на СУТКОЗ на РМ - Злата Лаова ја објасни завршната сметка . Комисијата по презентирањето на финансиската состојба на СУТКОЗ, излезе со предлог да се усвои завршната сметка.

Сметководителот Снежана Костовска ја објасни целата годишна сметка на СУТКОЗ, заедно со синдикалните организации, ставка по ставка.Прашања немаше.По образложувањето претседателот ја стави на гласање по што едногласно истата беше усвоена.

По исцрпувањето на дневниот ред,претседателот го честиташе претстојниот празник на жените - 8 Март - на колешките од претседателството на СУТКОЗ.