Пред истекот на 2018 година, претседателот на СУТКОЗ на РМ , м-р Дарко Димовски ја закажа 13-тата свечена седница со дневен ред :
1. Усвојување на записникот од дванаесеттата седница на претседателството на СУТКОЗ на РМ,
2. Информација од средбата со Министерот за информатичко општество и администрација - Дамјан Манчевски,
3. Информација од средбата со премиерот Зоран Заев и Министерката за труд и социјала - Мила Царовска,
4. Информација за репрезентативноста на ССМ и СУТКОЗ на РМ.
5. Тековни прашања,

По едногласното усвојување на записникот XII-тата седница,се премина кон втората и третата точка - Информација од средбата со Министерот за информатичко општество и администрација - Дамјан Манчевски и со премиерот Зоран Заев и министерката за труд и социјала Мила Царовска. Се потврди уште еднаш ставот и барањето - комуналните јавни претпријатија да се изземат од Законот за административни службеници и Законот за вработените во јавниот сектор.За да му дадеме пошироко значење на ова наше барање ќе се обратиме и до Сојузот на синдикати на Македонија, па преку него, на повисоко ниво да ги изнесуваме нашите ставови и потреби од носењето на нови закони и колективни договори.

По однос на четвртата точка - репрезентативноста претседателот рече дека минатата недела е поднесено барањето за утврдување на репрезентативност и СУТКОЗ, како грански синдикат доби репрезентативност од 8000 членови на ниво на Р.Македонија.

По однос на петтата точка - тековни прашања - членовите на претседателството се запознаа со претстојните активности за избор на претседател на една од најголемите СО на СУТКОЗ при ЈП Комунална Хигиена.

Се отвори повторно прашањето околу исплатата на регресот за годишен одмор,се даваа примери,сугестии и предлози за тоа прашање да се реши на најдобар можен начин, како за работниците-така и за самите претпријатија, со што не би се загрозил опстанокот и егзистенцијата на вработените.

По исцрпување на дневниот ред, претседателот ги честиташе претстојните Новогодишни и Божиќни празници на сите присутни,и посака добро здравје и успех во следната година.